Да имаме екипа зад екипата! Оригиналниот дрес на Македонија преку www.fanshop.ffm.mk

Објавено на 17 Декември, 2014 во Вести


Од вторник, 16. декември, официјалниот дрес на македонската репрезентација е пуштен во продажба преку on-line продавницата на ФФМ, www.fanshop.ffm.mk.

Дресот кој го носат нашите репрезентативци во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство е креиран и изработен од германскиот спортски производител JAKO во боите на Македонија. Новиот идентитет значи страст за спорт, страст за дизајн и страст за припадност.

Дресот е ексклузивно изработен за репрезентацијата на Македонија, а се одликува со атрактивен дизајн по разумна цена. Имајќи го предвид интересот на љубителите на фудбалот и македонската репрезентација за оргиналениот дрес, Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ЈАКО е насочена само кон тоа што го бараат фановите. Преку отворањето на on-line продавницата намерата е на купувачите да им овозможиме потполна услуга со промотивна цена без заработка.

Во споредба со репрезентациите од нашето опкружување, дресот на македонската репрезентација се нуди по релативно пристојна сума од 2990 денари, речиси двојно поефтин од оригиналниот дрес на хрватската репрезентација. Дресот кој можете да го купите преку  www.fanshop.ffm.mk е истиот дрес кои го носат фудбалерите на официјалните натпревари на македонската репрезентација.

Заеднички кон успеси со ЈАКО дресот на македонската репрезентација.




   
   
А репрезентација