Да ги поддржиме македонските клубови во Европските купови на УЕФА и да бидеме #КакоЕдно!

Објавено на 09 Јули, 2019 во Вести


Во пресрет на натпреварите на македонските претставници во Европските купови на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија им посакува многу среќа и успех на нашите клубови, Шкендија во квалификациите од Лигата на Шампионите, Академија Пандев, Шкупи и Македонија Ѓ.П. во квалификациите од Лига на Европа.

Клубовите кои оваа натпреварувачка сезона го претставуваат македонскиот фудбал во Лигата на Шампионите и Лига на Европа имаат исклучително квалитетен кадар, амбициозни и луѓе посветени на фудбалот кои можат да ги исполнат стандардите на УЕФА. Сигурни сме дека сите наши претставници во УЕФА Европските купови одлично ќе ги организираат своите натпревари и ќе придонесат за позитивна атмосфера на стадионите. Веруваме дека навивачите и љубителите на фудбалот ќе бидат поддршка за своите клубови во остварување на позитивни резултати.

Поддржете ги македонските клубови и да бидеме #КакоЕдно!




   
   
А репрезентација