Да бидеме дел од оние кои подаваат рака

Објавено на 28 Октомври, 2014 во Вести

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со општина Битола ќе учествува на хуманитарниот натпревар за помош на Игор Наумовски – 26. годишно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.

Ветераните на македонската фудбалска репрезентација и поранешни фудбалери на Пелистер во среда од 17.00 часот ќе одиграат натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола, во тимот на македонската репрезентација ќе бидат Илија Најдоски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, Илчо Ѓорѓиоски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Тони Наумоски, Марјан Стојкоски, а како специјални гости на настанот ќе бидат легендата на македонската кошарка Петар Наумовски и нашите музички ѕвезди Даниел Кајмакоски, Влатко Лозаноски и Ламбе Алабаковски.

Хуманитарниот фудбалски натпревар ќе се одигра утре во спортската сала „Младост“ од 17.00 часот, влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари. 




   
   
А репрезентација