Четири фудбалски номинации на манифестацијата „Спортисти на годината“ 2015 година

Објавено на 22 Декември, 2015 во Вести


Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими е номиниран во конкуренција на Кире Лазаров (ракомет), Борко Ристевски (ракомет), Никола Ѓоргиев (одбојка) и Владо Илиевски (кошарка) за наградата „Најуспешен македонски спортист во странство“. Еден од најдобрите наши репрезентативци со својот Марибор имаше одлична сезона, а Ибраими беше носител на играта на словенечкиот првак.

Нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова е номинирана во категоријата „Спортистка на годината“. Една од најдобрите европски фудбалерки минатата година го освои престижното признание. Годинава со шведски Розенгард се бори за титула во Лигата на шампионите. Во категоријата е номинирана со Анастасија Богдановски (пливање), Стефани Тодорова (кик – бокс), Наташа Стефановска (карате) и Лина Ѓорчевска (тенис).

Капитенот на репрезентацијата до 21 година, Давид Бабунски е номиниран за најдобар млад спортист на Македонија. Фудбалерот на Барселона Б е во конкуренција на Филип Талевски (ракомет), Елмедин Сејфулау (борење), Бобан Илиоски (кик – бокс), Фери Исиќ (карате). Давид Бабунски е еден од носителите на играта на младата репрезентација која во тековните квалификации се бори за пласман на Европско првенство.

Репрезентацијата до 21 година која ја предводи селекторот Благоја Милевски е номинирана за најуспешна машка селекција . Во категоријата номинирани се ракометната и одбојкарската селекција.

Манифестацијата „„Спортисти на годината“ 2015 година ќе се одржи утре во Македонскиот Народен Театар.




   
   
А репрезентација