Центарот за едукација започнува со едукација на футсал тренери

Објавено на 26 Ноември, 2016 во Вести


Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија започнува со едукација на футсал тренери за добивање на УЕФА Диплома а според УЕФА конвенцијата која предвидува обука и лиценцирање на футсал тренери кои работат во клубовите и репрезентациите.

Првиот семинар од курсот ќе се одржи од 4 – 7 Декември 2016 година во Хотел Александар Палас – Скопје во склоп на кој ќе биде и меѓународниот футсал турнир за А репрезентации. Како презентери на теоретско-практичните теми ќе се појават и Селекторот на Португалија Хорхе Браз, најдобриот светски футсал играч Рикардињо, Селекторот на Македонската футсал репрезентација Божовиќ Иван, поранешниот Селектор на репрезентацијата Васко Скендеровски како и останати соодветни стручни предавачи.

На овој семинар задолжително треба да се пријават сите тренери од Прва и Втора Футсал лига, национални репрезентации, но и сите оние кои ги исполнуваат подоле наведените критериуми. Организацијата на овој семинар и едукацијата на футсал тренери е во склоп на барањата на УЕФА која ја одобри програмата и назначи ментор кој ќе ја контролира работата, а тоа Г-дин Пјотр Маранда од Полска.

Во продолжение Ве информираме кои се потребни документи кои тренерите треба да ги достават до Центар за Едукација најкасно до 29.11.2016 година во ФФМ кај Марио Ѓурчиновски или по редовна пошта:

-  Копија од пасош;

-  Копија од диплома за завршено средно образование

-  Лекарска потврда;

-  Потврда од футсал клуб дека е активен тренер во сезоната 2016/17 во Прва или Втора футсал лига; или

-  Потврда од футсал клуб(ови) дека има играно најмалку 3(три) сезони во Прва или Втора футсал лига; или

-  15(петнаесет) настапи за Македонска футсал репрезентација – потврда од ФФМ

-  Уплатница од 100,оо евра во денарска противвредност (прва рата) за УЕФА Б Футсал Курс

Уплатат се врши на жиро сметка на ФФМ:

300000001599760 Комерцијална Банка

Со назнака: за УЕФА Футсал Б Курс




   
   
А репрезентација