Објавено на 20 Мај, 2014 во Вести
Заинтересираните тренери-кандидати кои сакаат да се пријават за учество на овој курс, треба да ги достават следниве документи:
- Копија од лична карта
- Копија од диплома за најмалку средно образование
- Лекарско уверение
- Потврда за играчки стаж од најмалку 4 години (сениорски фудбал)
- Копија од уплатница за прва рата од чинење на курсот (6150,оо ден)
- Барање до ФФМ за упис на УЕФА Б курс.
Овие документи да се достават лично или по пошта до архива на ФФМ, со назнака за Центар за Едукација на Тренери, на следнава адреса:
ФФМ – Скопје, Бул. АСНОМ бб, 1000 Скопје
Првиот дел од курсот е закажан за 8 – 14 Јуни 2014 во Хотел ИСТАТОВ – Нов Дојран, уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:
300000001599760, Комерцијална банка, Примач ФФМ – Скопје, со цел на дознака: за УЕФА Б Курс.
Со почит,
Фудбалска Федерација на Македонија