Објавено на 05 Октомври, 2017 во Вести, До 17 год
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го одигра второто реми во рамки на квалификацискиот циклус за ЕП. По нерешениот дуел против БиХ, нашите фудбалери и против Словачкаодиграа 0:0.
Словаците доминираа за време на целиот дуел, пред се поради фактот дека Македонија цела средба имаше играч помалку на терен, но сепак, не успеаја да го совладаат Матеј Андов кој бранеше фантастично.
Во 9. минута судијата престрого покажа црвен картон за Македонија, кога директен црвен картон доби Тошевски. До полувремето Словачка притискаше, но не успеа да даде гол, а на самиот старт на вториот дел, преку Стрелец, Словачка ја имаше најдобрата шанса да погоди, но ударот со пета на напаѓачот одлично го одбрани Андов.
Во 60. минута следеше првата сериозна шанса на Македонија преку Секулов, но тој не реализира, а на спротивната страна, Стрелец во 65. минута пак имаше шанса, но Андов одбрани. Во 70. минута голманот на Македонија повторно се истакна со една одлична одбрана и дефинитивно може да го понесе епитетот играч на натпреварот.
Пред финишот црвен картон заработи и Словачка, затоа што поцрвене Томчек. Македонија се уште има шанса за пласман во втората фаза од циклусот за ЕП, но за тоа ќе мора да ја победи Молдавија во последното коло кое се игра на 8. октомври.
Натпреварот меѓу БиХ и Молдавија заврши со победа на Босанците од 3:0.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....