Болен пораз од Белорусија

Објавено на 28 Март, 2015 во Вести, Вести

Македонскиот A национален тим доживеа непријатен пораз од 1:2 од Белорусија во натревар од квалификациите за Европското Првенство кое во 2016 година ќе се одржи во Франција.

Иако пред напреварот најавуваа победа а имаа и рано водство, сепак во продолжение македонските репрезентативци играа под нивното ниво, дозволувајќи им на белоруските фудбалери да направат комплетен пресврт и од Скопје да си одат со три бода. А се почна така убаво за избранииците на Ѓуровски, кои поведоа уште во 9-тата минута со убавиот гол на Трајковски од далечина, откако предходно беше убаво проигран од Ибраими. Малку подоцна Ибраими се закани од слободен удар, а во продолжение обидот на Хасани со глава отиде над голот. Тука некаде несфатливо македонските футбалери се повлекоа, а Белорусија почна да создаде шанси. По неколку неуспешни обиди, се повтори таа кобна 44-та минута кога Калачев со убав шут израмни на 1:1. На почетокот на вториот дел белорусите спасуваа од гол линија по заканата на Абдурахими, а потоа македонските играчи ја загубија битката во средниот ред, а резултатот остана непроменет само поради одличните одбрани на голманот Пачовски. Но тоа траеше се до 82-та минута кога Белорусија имаше нова акција, Пачовски откако интервенираше ја спушти топката а Корниленко ја испрати топката во нашата мрежа за поведа од 1:2 на гостите.

По натпреварот видно разочаран селекторот на Македонија Бошко Ѓуровски изјави дека потфрлија сите играчи, со малку исклучоци.

"Потврливме сите и во такви услови поразот е неминовен. А имавме се, рано водство, иницијатива и услови да продолжиме во такво ниво. Повредата на Положани ни ја наруши малку концепцијата, затоа што тој во тие први 20-25 минути одигра многу добро. Противникот потоа доминираше и заслужено ги освои бодовите. Ако треба да спомнам некого од кој сум задоволен тоа е голманот Пачовски, кој имаше неколку добри одбрани, а секако дека презадоволен сум од Буба Хасани, кој покажа како треба да се игра за Македонија", изјави Ѓуровски.


Национална арена „Филип Втори“ во Скопје.

Гледачи: 5.000.

Главен судија: Ентони Тејлор.

Помошници: Маларки и Ингланд (сите од Англија).

Стрелци: Трајковски 9’ (М); Калачев 44’, Корниленко 82’ (Б).

Ж. картони: Шиков, Марковски, Георгиевски, Трајковски (М); Мартинович, Калачев, Маевски (Б).

МАКЕДОНИЈА: Пачовски, Ристевски, Шиков, Марковски, Георгиевски, Положани (30’ Барди), Хасани, Трајковски, Ибраими, Абдурахими (75’ Блажевски), Велкоски (63’ Тодоровски).

Селектор: Бошко Ѓуровски


БЕЛОРУСИЈА: Жевнов, Шитов, Мартинович, Бордачев, Филипенко, Стасевич, Кишлјак, Маевски (80’ Путило), Хлеб (87’ Драгун), Калачев, Комиленко

Селектор: Александар Хацкевич




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација