Објавено на 08 Ноември, 2021 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2023 против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември).
Селекторот Благоја Милевски се соочува со многу проблеми поради отсуството на неколкумина важни фудбалери од националниот тим. Аријан Адеми, Ердал Ракип, Адис Јаховиќ и Бобан Николов поради повреди не се во можност да конкурираат за место во тимот, додека поради суспензија натпреварот во Ереван ќе го пропушти капитенот Стефан Ристовски.
Репрезентативецот Бојан Миовски за подготовките на македонската А репрезентација во пресрет на натпреварите од квалификациите за СП 2023.
- Имаме теоретски шанси за второто место и ќе дадеме се од себе да оствариме победа на двата последни меча. Повредите се дел од фудбалот. Недостасуваат неколкумина, но тие што се тука убеден сум дека ќе ја оправдаме довербата на селекторот. Ја анализираме Ерменија, треба да бидеме поконкретни и подобри во нападот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....