Објавено на 14 Ноември, 2022 во Билети, Вести, Вести
Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17. и 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).
МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)
МАКЕДОНИЈА - АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 150 денари
Блок 21 и 23 150 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 150 денари
Блок 3 и 4 200 денари
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Скопје:
• ЛитератураМК - City Mall
• ЛитератураМК - East Gate
• ЛитератураМК - Веро Центар
• Литература - ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК - ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел - ТЦ Бисер
• Макпетрол - Козле
• Макпетрол - Илинденска
• Макпетрол - Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• ЛитерараМК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварите од 10:00 часот.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на натпреварите против Финска и Азербејџан.