Објавено на 16 Март, 2022 во Вести, Вести
Репрезентацијата на Македонија на 24. март во Палермо ќе се соочИ со Италија во првиот бараж натпревар за пласман на Светско првенство во Катар 2022 година.
Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за плејоф дуелите и даде свое видување во однос на повиканите играчи и предзвикот кој ни претстои.
Благоја Милевски, селектор на репрезентацијата на Македонија:
- Што се однесува до напаѓачките опции, Адис Јаховиќ е повикан, но неговото доаѓање е неизвесно. Јаховиќ се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата и наскоро ќе дознаеме дали ќе може да му се приклучи на тимот. Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има одиграно само 13. минути во Купот на Италија, но не значи дека нема да сметаме на него за идните активности доколку влезе во натпреварувачки ритам.
- Се работи за еден натпревар со Италија на кој се е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не сме случајно на ова место и меѓу најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ пет по квалитет, актуелен Европски првак. Меѓутоа секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со нашиот следен противник, наше е да успееме тоа да го искористиме.
- Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и да игра пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го потврдиме и на дуелот со Италија. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Нема лесен натпревар на ова ниво.
- Искрено, не гледам поврзаност со претходните два меѓусебни натпревари против Италија. Од последниот меч со Италија мина долго време, двете селекции имаат различен селектор, различна филозофија. Сега играме еден натпревар, кој е од сосема поинаков тип и важност, во споредба со двата квалификациски меча одиграни во Скопје и Торино.
Собирот на македонската А репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Првиот тренинг е во понеделник во 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....