Благоја Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Објавено на 01 Јуни, 2023 во Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски по објавата на списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер), даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.

-На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски,им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.

-Сефер Емини за прв пат е повикан во репрезентацијата на Македонија за претстојните натпревари со Украина и Англија. Игра стандардно во Данска и заслужи да биде дел од тимот.

-Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите.

-Муслиу по повредата ги одигра последните мечеви за својот клуб. Останатите се тие што беа и во март. Сите кои се тука се најдобрите и сите се во комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме.

- Во овие речиси две години, одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации.

-Првиот меч го играме против Украина. Ние сме сконцентрирани само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери.

-На подготовките последни ќе пристигнат Алиоски и Илиев, бидејќи последните мечеви со своите клубови ги играат на 10 јуни.









   
   
А репрезентација