Објавено на 31 Мај, 2016 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 17:30 часот ќе го одигра пријателскиот натпревар против Белорусија. Селекторот на нашиот состав Благоја Милевски со многу промени во тимот и дури осуммина дебитанти ќе создава екипа за следниот квалификациски циклус.
-Единствено мерило за вредностите на фудбалерот е теренот. Не е важно дали играат во големи клубови и кои се, туку потенцијалот кои го поседуваат. Стратегијата и пристапот не го менуваме, барем додека јас сум тренер. Тоа носи резултати. Нема да менуваме ниту формациски против белорусите. Противничкиот состав има фудбалери кои играат во нивната лига. Во квалификациската група се зад Холандија и Словачка, но на последниот натпревар ја добија Словачка со 1:0. Тоа доволно зборува дека се работи за квалитетен противник и репрезентација која наметнува агресивен фудбал. Ова ќе биде добар тест за да видиме со каков потенцијал располагаме за следните квалификации, изјави Милевски.
Поради повреда на утрешниот натпревар нема да настапи Даниел Аврамовски. Виктор Ангелов кој се жалеше на повреда по натпреварот со Украина ќе конкурира за место на контролниот меч против Белорусија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....