Објавено на 18 Ноември, 2019 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре против Фарски Острови ќе го одигра натпреварот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство. Дуелот со селекцијата на Фарски Острови е закажан во 18:00 часот на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн.
Нашата селекција по четири натпревари има освоено седум бодови, а против островјаните ја бараме третата победа во циклусот за пласман на континенталниот собир.
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски очекува комплетно различен натпревар од тој во Скопје (7:1) и се надева дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата.
-Очекувам сосема различен натпревар во однос на дуелот кој го одигравме во Скопје. Фарски Острови воопшто не се наивна репрезентација, а тоа го покажаа на мечевите во овој квалификациски циклус. Нема да биде лесно, но се надевам дека сите фудбалери ќе бидат на висина на задачата и максимално сконцентрирани на утрешниот дуел. Во нашиот состав веројатно ќе има промена или две во однос на составот со Шпанија. Против шпанците бевме одлични на тактички план, посебно во дефанзива, имавме проблеми во транзицијата од одбрана во напад, но јас сум задоволен од начинот на кој тактички се спротивставивме. Сега е сѐ поразлично, условите на теренот и сѐ околу е чиста импровизација, теренот е замрзнат и поради тоа не одработивме ниту дел од програмата за тренинг, изјави селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски.
Репрезентациите се соочуваат со замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн, а преку допис во кои се потенцираат лошите услови на теренот се известени УЕФА од страна на Фудбалската асоцијација на Фарски Острови.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....