Објавено на 13 Ноември, 2017 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре во 13:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ против Австрија го игра натпреварот од четвртото коло за пласман на ЕП во Италија. Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски дополнително го повика Елиф Елмас за настап апротив Австрија. Нашиот предводник вели дека противникот е добро анализиран и очекува да одиграме квалитетен натпревар.
-Австрија е добро анализирана, се подготвивме добро и очекувам да одиграме квалитетен натпревар. Мечот со Гибралтар е веќе заборавен, фокусирани сме максимално на новиот предизвик и се надевам дека ќе ја исполниме целта. Австрија има свои квалитети, тоа е повеќе од јасно, но ние сме фокусирани на нашето издание. Утрешниот дуел може да биде клучен, но потоа имаме уште шест натпревари. Основна цел во овие квалификации е да се подобри рејтингот и да бидеме конкурентни во квалификациите. Притисок секогаш постои и треба да научиме да се носиме со тоа, без оглед дали е позитивен или негативен, вели Милевски.
МАКЕДОНИЈА до 21 година – АВСТРИЈА до 21 година
Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 14. ноември 2017., 13:00 часот
Трибина / Цена на влезници:
Јужна трибина / Блок 1, 2, 3,4, 5 и 6 - 100 денари;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....