Благоја Милевски: Очекувам играчите да го дадат својот максимум во согласност со квалитетите и талентот кој го поседуваат

Објавено на 25 Август, 2015 во Вести, До 21 год

Македонската репрезентација до 21 година на 5 септември на тренинг центарот „Петар Милошевски" ќе одигра натпревар против Украина, во рамките на второто коло од квалификаците за Европско првенство во Полска 2017.

Во пресрет на овој квалификациски дуел, селекторот на нашата млада селекција верува во квалитетот на овие играчи и очекува тоа да го покажат на дуелот со Украина.

„ Украина е репрезентација која поседува одличен квалитет и квалификациите ги започнува токму со дуелот против нас. Очекувам од играчите да го покажат вистинското лице на овој важен квалификациски натпревар и да го дадат максимумот. Верувам во оваа генерација за која сметам дека поседува огромен потенцијал. Дополнителен мотив претставува и фактот што ова за нас ќе биде прв натпревар на стадионот во центарот „Петар Милошевски".

Селекцијата на Македонија до 21 година првиот собир пред почетокот на квалификациите ќе го има во хотелот „Александар Палас" на 31 август во 10.30 часот. Репрезентацијата предводена од Благоја Милевски тренинзите ќе ги одржи на на тренинг центарот „Петар Милошевски" од 31 август до 4 септември.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација