Објавено на 09 Ноември, 2023 во Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 ротив Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември).
По објавениот список со повикани фудбалери за претстојните предизвици на А репрезентацијата на Македонија, селекторот Благоја Милевски ги сподели своите очекување.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
- Нема многу промени во играчкиот кадар во одност на претходните натпревари од квалификациите. По тешката повреда, на списокот се враќа Тихомир Костадинов. Ме радува фактот што сите се здрави и подготвени и се надевам дека така и ќе остане.
- Во овие квалификации нема лесни или тешки противници, сите располагаат со одреден квалитет. Имаме позитивна атмосфера во тимот, се надевам дека така ќе биде и по двата последни квалификациски мечеви. Правиме млад тим кој покажа дека може да е конкурентен, може да се носи со сите. Момците кои играа на претходните натпревари, го покажаа својот квалитет и потврдија зошто се повикани во репрезентацијата.
-Не очекува сосема поразличен натпревар од претходните што ги одигравме со Италија. С е надевам дека ќе успееме максимално да се подготвиме за мечот против Италија. Имаме проблеми околу слабата минутажа што ја добиваат некои фудбалери во своите клубови, но верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да го извлечеме максимумот.
- Минутажата во клубовите е секогаш проблем за физичката и натпреварувачката форма. Дел од носителите на играта се со минимална или никаква минутажа, а за среќа играчите од средината и нападот се стандардни. Немаме некој огромен ростер на играчи за да можеме да ротираме, па мора на секој меч да се дава максимумот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....