Благоја Милевски: Наша цел одново ќе биде да победуваме

Објавено на 23 Август, 2017 во Вести, До 21 год


Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот за квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП во Италија против Ерменија на гостински терен. Милевски вели дека фудбалерите кои се наоѓаат на списокот го заслужија повикот, принципите за работа во оваа селекција остануваат исти.

- Во принцип не сум некој што сака да менува. Овие фудбалери беа повикани на пријателскиот натпревар со Црна Гора, а и со игрите во своите клубови го заслужија повикот. Критериумите и принципите остануваат исти, сите кои се стандардни ќе добијат шанса за докажување.Повторно ќе стремиме кон подобруање на рејтингот и да се обидеме да бидеме конкурентни во квалификациите. Имаме доста тешка група, со одлични и квалитетни селекции. Наша цел и обврска е да дадеме секогаш максимум, да направиме се што е во наши можности да победиме, вели Милевски.

Предводникот на нашата репрезентација се соочува со проблеми поради повреда на Петар Петковски, Јефтовски е без клуб, а Бабунски и Н`Сомбо немаат минутажа во своите клубови.

-Петар Петковски е неизвесен поради повреда на коленото, Стефан Јевтовски е без клуб, а Н`Сонго Калвин и Доријан Бабунски се без минутажа. Нсонго има проблем со документацијата, а Бабунски не игра во третолигаш во Јапонија. Се надевам дека ќе се снајдат во своите клубови и ќе се вратат за натпреварите во октомври, додава Милевски.

Милевски очекува тежок натпревар, посебно што Ерменија одигра одлично на двата последни дуела.

-Ерменија е репрезентација составена од фудбалери од двата најдобри клубови Банантс и Пјуник. Победија со 3-0 против Гибралтар и на пријателската со Молдавија. Добро се познаваат и функционираат одлично. Форсираат брз, динамичен, агресивен фудбал, со одлична техничка подготовка. Ќе имаме тежок меч, додаде Милевски.




   
   
А репрезентација