Благоја Милевски: Мора да бидеме на највисоко ниво. Денешниот фудбал не трпи поинаков пристап

Објавено на 16 Декември, 2021 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски по извлекувањето на групите за Лига на нации истакна дека Македонија мора да биде на максимално ниво за да бидеме конкурентни за првото место. Нашата репрезентација е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар. 

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:

Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Нѐ очекуваат сериозни натпревари. 
Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група.
Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап“.



   
   
А репрезентација