Благоја Милевски: Играчите даваат повеќе од можностите, тоа е за огромна почит

Објавено на 05 Септември, 2016 во Вести, До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски денеска одржа брифинг со новинарите спроти утрешниот исклучително важен натпревар против Северна Ирска од квалифилациите за ЕП 2017 во Полска.

„Да не се лажеме. Овој натпревар против Северна Ирска кога го носиме силно императивот за победа е најтешкиот за нас во овој квалификациски циклус. Имавме два состаноци со фудбалерите и гледајќи ги, забележувам дека и тие самите се свесни дека утре не чека најтешкиот натпревар. А, тоа е добро. Затоа што утре треба да дадеме 20% повеќе од секое претходно наше издание и во квалитет, и во дисциплина и во одговорност во игра ако сакаме да стигнеме до позитивен резултат. Во спротивно, ако потфрлиме, ако ги потцениме, ако не бидеме на нивото од претходните изданија, нема да можеме на крај да се радуваме“ - истакна Милевски.

„Северна Ирска воопшто не е наивен противник како што се чини. Ако се погледнат сите нивни натпревари ќе видите дека тешко губат, играат цврст, одличен фудбал. Водеа и против нас на првиот натпревар, што значи мора максимално сериозно да му пристапиме на дуелот“.

Македонија ја мачат и повредите на тројца клучни играчи, голманот Игор Алексовски, капитенот Давид Бабунски и левиот бек Бесир Демири.

„Тоа се три важни позиции. Денеска очекуваме детални лекарски прегледи, по што ќе се знае дали ќе може да сметаме на нив. Во секој случај, и да не можеме да сметаме на нив имаме ние играчи кои може соодветно да одговорат. Јас сакам да искажам огромна почит за сите наши млади фудбалери за сето она што го пружаат во македонската репрезентација. Добар дел од нив воопшто не се стандардни во своите клубови, но за селекцијата даваат повеќе од 100%. Тоа е за огромна почит“ – рече македонскиот селектор.



   
   
А репрезентација