Објавено на 24 Март, 2024 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Столе Димитриевски на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Црна Гора ги споделија своите очекувања за контролниот меч на стадионот „Мардан“ во Анталија.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
„Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“.
Столе Димитриевски - репрезентативец на Македонија:
„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути.