Благоја Милевски и Стефан Спировски на официјалната прес-конференција спроти утрешниот меч против Лихтенштајн

Објавено на 07 Октомври, 2021 во Вести, Вести


Македонската репрезентација утре од 20:45 часот против Лихтенштајн во Вадуц го игра натпреварот од 7. коло од квалификациите за СП 2022.

На официјалната прес-конференција своите очекувања ги искажаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот Стефан Спировски.

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:

Не чувствуваме притисок. Задоволен сум од тоа што го работиме на тренинзите.Задоволен сум од концентрацијата и залагањето на фудбалерите. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Не сакам да ги коментирам тактичките варијанти. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво.

„Секако дека ќе ни недостига Едис Барди. Меѓутоа, сите останати кои ќе настапат, мислам и верувам дека ќе бидат на потребното ниво. Дали Ракип ќе го замени Барди, ќе одлучиме пред утрешниот натпревар поради неколкуте ситни повреди, па според тоа ќе ги одредам првите единаесет. Сите играчи кои имаа ситни повреди се под знак прашалник, ама верувам дека тие што ќе истрчаат утре на теренот ќе дадат максимум“.

Натпреварот утре е сосема поинаков од сите претходни. Не можеме да се базираме на традиција, според мене ривалот е квалитетен. Нема формалност, мора да одиграме добро за да победиме“. 

Стефан Спировски - репрезентативец:

Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел.

„Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе“. 





   
   
А репрезентација