Објавено на 15 Ноември, 2015 во Вести, До 21 год
„Пред сѐ сакам да им честитам на играчите за прикажаната игра. Оваа репрезентација повторно покажа дека има талент и желба за победа и дека може да се носи со секој противник. Горд сум што и против големата Франција која има играчи во најдобрите европски лиги ние прикажавме игра што нѐ карактеризира низ целиот кавлификациски циклус до сега, а тоа е напаѓачки фудбал. Се разбира дека не сум сосема задоволен што не остваривме победа, но сепак освоивме бод, и по четири кола сеуште сме на делба на второто место со Франција. Сеуште имаме активна позиција во овие квалификации и искрено се надевам дека ќе успееме да се подигнеме во повисок шешир за следниот циклус. Уште еднаш би сакал да истакнам дека сум задоволен од прикажаното, се разбира дека во иднина ќе треба да поработиме на отстранување на некои мали недостатоци во поглед на тактичката поставеност, но сигурен сум дека оваа генерација има и талент и квалитет со кој може да се остварат одлични резултати.“ - изјави на прес конференцијата по натпреварот селекторот Милевски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....