Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за пресметките против Украина и Австралија

Објавено на 25 Август, 2015 во Вести, До 21 год

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против селекцијата на Украина на 5 септември и контролниот дуел со Австралија два дена подоцна.

За дуелот од квалификациите за Европското првенство во Полска во 2017 и пријателскиот натпревар повикани се следните фудбалери:

Голмани: Дени Илиев (Арсенал), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Рен), Дарко Велковски (Вардар), Филип Ристовски (Метаург), Бесир Демири (Шкендија), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкупи), Филип Петрески (Мелбурн), Леон Најдовски (Работнички);

Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Барселона Б), Бурхан Мустафов (Пелистер), Даниел Аврамовски (ОФК Београд), Никола Кулески (ФК Сиднеј);

Напад: Марјан Радески (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Христијан Денковски (Гронинген), Демир Имери (Хоризонт Турново), Виктор Ангелов (Металург), Ваљмир Нафиу (Апоел);

„Дени Илиев, Енис Барди, Христијан Денковски и Даниел Аврамовски се повратници во репрезентацијата кои што поради повреда не беа во конкуренција за настап на последниот квалификациски натпревар против селекцијата на Исланд. Демир Имери поради добрата форма во екипата на Хоризонт Турново е повикан на местото на Јасир Асани. Имаме и еден новајлија, а тоа е Мевљан Мурати кој ќе дебитира на овие два натпревари. Доријан Бабунски и Александар Пивковски не се повикани бидејќи сеуште се во потрага по нови средини. Двата натпревари ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски". Дуелот од квалификациите против селекцијата на Украина го играме на 5 септември со почеток од 16.00 часот, а контролниот дуел со Австралија е закажан за 7 септември во 16.30 часот. Влезот за публиката е бесплатен. Сите се поканети да ја подржат нашата репрезентација во походот кон нови победи", изјави селекторот на Македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.




   
   
А репрезентација