Објавено на 27 Мај, 2019 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година утре ги започнува подготовките за контролниот натпревар против Финска кој ќе го одиграме на 6. јуни во Трнава, Словачка.
Селекторот на нашата репрезентација до 21 година, Благоја Милевски заедно со стручниот штаб ќе одреди 20. фудбалери кои ќе бидат во составот за натпреварот против Финска по одигрување на селективен меч на 2. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
На списокот на селекторот Милевски за првиот дел од подготовките се наоѓаат 26 фудбалери, со напомена дека Јани Атанасов, Џемал Ибиши и Томче Гроздановски се жалат на повреда и лекарскиот тим во репрезентацијата ќе одлучи дали можат да настапат.
Селекторот Благоја Милевски во зависност од потребата и изданието на фудбалерите до 19 години може да го дополни списокот со играч(и) од составот на македонската репрезентација до 19 години која има закажано две контролни пресметки против Израел.
Голмани: Томас Божиновски (Феиренше, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котески (Победа),
Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Нехар Садики (Ренова), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Денис Стошиќ (Шпилберг, Германија), Михаил Маневски (Академија Пандев), Никола Серафимов (Брегалница);
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов * (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (Работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Миле Тодоров (Осијек, Хрватска), Енсар Љума (Шкендија), Томче Гроздановски * (Злате Моравце, Словачка);
Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Џемал Ибиши *(Вардар);Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....