Објавено на 24 Јуни, 2017 во Вести, До 21 год
- Честитки на репрезентацијата на Поругалија за победата, честитки до моите фудбалери кои и вечерва дадоа повеќе од својот максимум. Голема благодарност до секој од нив за поминатото време заедно, за начинот на кои се бореа и за нивниот однос кон националниот дрес. Покажавме дека дојдовме да играме фудбал и да се надигруваме без разлика на квалитетните противници. Покажавме дека сме конкурентни и треба да бидеме горди на тоа.
Доволни показатели за квалитетот на овие момци во репрезентацијата е начинот на кои ги завршивме квалификациите, игрите што ги прикажавме на ова Европско првенство и посебно односот кон дресот со државниот грб. Ги знам квалитетите на овие играчи и како личности и ова време поминато со нив ќе остане засекогаш во мене. На сите ни покажаа како треба да изгледа еден репрезентативец на Македонија. Горд сум што имав прилика да работам со овие момци, еден дел од мене засекогаш ќе биде поврзан со нив. Здравје, можеби еден ден повторно ќе соработуваме на некое друго место.
Покажаа како треба да се игра, стручниот штаб покажа како треба да се работи и се надевам дека нема да чекаме 25 години за нов пласман на Европско првенство. Единствен недостаток на ова првенство беше нашиот недостаток на квалитетни натпревари кои фудбалерите го имаат на клупски план. На турнирски систем се чувствува недоволната физичка подготовка, се надевам дека во иднина фудбалерите ќе имаат многу повеќе квалитетни натпревари во нозе, а клубовите ќе бидат подолго во Европските купови, изјави селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски на прес-конференцијата по натпреварот со Португалија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....