Објавено на 15 Септември, 2021 во Стручен штаб
Датум на раѓање: 25.03.1971, Скопје, Македонија
Born on 25.03.1971 in Skopje, Macedonia
Тренерска лиценца / Coaching Licence: UEFA Pro Licence
Во младоста замина за Црвена Ѕвезда (Србија), а фудбалската кариера ја продолжи во Ираклис (Грција), Трикала (Грција), словенечки Марибор, Победа Прилеп, Панилиакос (Грција), Македонија Ѓорче Петров, Ашдод (Израел), Цементарница Скопје, повторно Македонија Ѓорче Петров и најтрофејниот македонски клуб Вардар за крај на кариерата како играч.
Тренерската работа ја започна во ФК Вардар. Беше асистент во стручниот штаб на генерацијата која во сезоната 2011/12 ја освои шампионската титула.
Како шеф на стручниот штаб на ФК Вардар ја освои шампионската титула во МФЛ за сезоната 2012/13 и Суперкуп титулата во македонската лига.
Во 2014 година е назначен за селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Под водство на Благоја Милевски, македонската репрезентација до 21 година стана првата фудбалска селекција од земјата која изборила пласман на големо натпреварување. Македонија заврши на првото место во квалификациската група и обезбеди пласман меѓу 12-те најдобри млади репрезентации на Европското првенство 2017 година во Полска во група со Шпанија, Португалија и Србија.Во 2018 година беше главен тренер во израелски Ашдод. По раскинот на договорот со Ашдод, во 2019 година повторно е назначен за селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Квалификациите за пласман на ЕП 2021, македонската репрезентација ги заврши на второто место, зад Шпанија и само поради промената на форматот на квалификациите, Македонија не се најде во бараж за пласман на Европското првенство.
Фудбалската федерација на Македонија на 1. август 2021 година го назначи за селектор на А репрезентацијата на Македонија.
Под водство на Благоја Милевски, македонската А репрезентација за прв пат во фудбалската историја заврши на второто место во еден квалификациски циклус за Светско првенсто.
Македонија квалификациите за СП 2022 во Катар ги заврши зад Германија и обезбеди пласман во плеј-оф натпреварите за учество на мундијалот во Катар 2022.
Награди и призанија:
Тренер на годината прогласен од Фудбалска федерација на Македонија за 2013 година;
Тренер на годината прогласен од Фудбалската федерација на Македонија за 2016 година;
Тренер на годината прогласен од Агенција за млади и спорт за 2016;