Билјана Атанасовски во финалето на Светското Првенство

Објавено на 01 Декември, 2016 во Вести

Македонската асистентка ќе биде дел од финалето на Светското првенство за жени до 20 години како дел од тимот на Јана Адамкова.

Во конкуренција од 43 судии од целиот свет кои ја делеа правдата на светското првенство во Папуа Нова Гвинеја, македоснката асистентка успеа со својот тим да стигне до самиот финален натпревар, што повторно го потврдува нејзиниот квалитет, но и квалитетот на фудбалските судиски програми во Македонија.

„Навистина сум возбудена што повторно добивам финале на едено големо, овој пат светско натпреварување. Искрено би сакала да се заблагодарам на поддршката од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, и се надевам дека овој мој успех ќе биде препознаен како резултат на мојата посветеност но и како резултат на квалитетот на програмите според кои работиме и ги развиваме судиите“ - изјави Билјана Атанасовски.

Финалето помеѓу Народна Република Кореа и Франција ќе биде одиграно на 3. декември во 10.30 часот со пренос во живо на Еуроспорт.



   
   
А репрезентација