Билјана Атанасовски дел од судискиот тим на Светското Првенство за жени во Папуа Нова Гвинеја

Објавено на 16 Септември, 2016 во Вести

Македонија ќе биде дел од ФИФА светското првенство за жени до 20 години благодарение на линиската судијка Билјана Атанасовски.

Првенството ќе се одржи во Папуа Нова Гвинеја во периодот од 13 ноември до 03 декември, 2016 година.

Таа со своите одлични изведби и оценки како линиски судија успеа да влезе во потесниот избор на ФИФА во конкуренција на судии од целиот свет. На првенството учествуваат 16 земји, а правдата ќе ја делат 14 судиски тројки, од кои 5 се од Европа.

Кога годобив повикот бев навистина возбудена. Минатата година бев дел од судискиот тим на Европското првенство за жени до 19 години во Израел, каде стигнав до финалето. Меѓутоа, конкуренцијата на светско ниво е навистина голема, и за мене претставува огромна чест што ќе ја имам можноста да ја претставувам Европа, но пред сѐ Македонија на едно вакво натпреварување. Имав навистина успешна сезона по Европското првенство во Израел. Бев дел од тимот на Алгарве купот во Португалија, кој се смета за подготовка за светски натпреварувања, особено кога се судиите во прашање. Се радувам што сите ангажмани во изминатата година ми беа оценети високо, што секако придонесе да бидам земена во предвид за вакво светско натпреварување. – изваји Билјана Атанасовски.

Пред патувањето во Папуа Нова Гвинеја таа има уште еден голем предизвик, натпреварот помеѓу женските репрезентации на Република Ирска и Португалија од квалификациите за европското првенство во Холандија во 2017 година.



   
   
А репрезентација