Објавено на 12 Ноември, 2018 во Билети, Вести
Од денес во продажба се пуштени билетите за последниот натпревар на нашата А репрезентација во рамки на новото УЕФА натпреварување, Лига на Нации. Македонската А репрезентација на 19. ноември со почеток во 20.45 ч. го пречекува Гибралтар на Националната Арена Филип Втори во Скопје.
Билетите за натпреварот по цена од 100 и 150 денари од денес можат да се купат на продажното место на ФФМ во Скопје Сити Мол, онлајн на https://www.karti.com.mk/ како и во продажната мрежа на МК Тикетс:
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....