Билетите за Македонија - Германија се распродадени

Објавено на 07 Октомври, 2021 во Билети, Вести


Билетите за натпреварот Македонија - Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени. 

Натпреварот ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. 

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот. 

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП. 



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација