Билети за натпреварите на репрезентацијата на Македонија

Објавено на 26 Септември, 2017 во Билети, Вести


Денеска започнува продажбата на влезници за натпреварите Македонија - Лихтенштајн (9. октомври, стадион „Младост“, Струмица) и Македонија до 21 година - Србија до 21 година (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје).

Доколку сакате да присуствувате на фудбалските натпревари Македонија - Лихтенштајн и Македонија до 21 година - Србија до 21 година и да ја бодрите репрезентацијата на Македонија тоа може да го направите со купен билет преку продажната мрежа на mktickets.

Влезниците во продажба од денеска, 26. септември, по цена од 100 и 200 денари за натпреварот Македонија - Лихтенштајн и 150 денари за дуелот на Македонија до 21 година против Србија до 21 година.

Последната пресметка од  квалификациите за СП 2018 во Русија меѓу Македонија и Лихтенштајн е на 9. октомври во 20:45 часот. Пандев, Несторовски, Хасани, Барди и останатите од составот на селекторот Игор Ангеловски ги бодриме на стадионот „Младост“ во Струмица.

Омилената македонска репрезентација до 21 година по извонредниот почеток на квалификациите за ЕП во Италија 2019 година и победата од 3:0 на гостувањето во Ерменија, на 6. октомври во 15:00 часот ја пречекува селекцијата на Србија. Новата генерција предводена од селекторот Благоја Милевски ја бодриме на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Купи билет и бодри ја Македонија!

ПОБЕДУВАЈ И БОРИ СЕ – БОРИ СЕ И ПОБЕДУВАЈ!




   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација