Објавено на 17 Октомври, 2019 во Вести
Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) неодамна го најави премиерното издание на eEURO, најголемото натпреварување на национални е - фудбалски репрезентации. Завршниот турнир ќе биде одржан во Лондон во јули 2020. година, а квалификациите за претставници на државата започнуваат во ноември оваа година.
eEURO 2020. на УЕФА ќе се игра ексклузивно врз платформата KONAMI eFootball PES 2020, чиј содржини ќе бидат базирани на Европското првенство 2020. година. На завршниот турнир можат да се пласираат играчи од сите земји членки на УЕФА, а победниците на турнирот ќе освојат парична награда и влезници за финалето од Европското првенство, кое ќе биде одиграно на 12. јули 2020. на стадинот „Вембли“ во Лондон.
Секоја репрезентација која учествува на eEURO може да има два или четири претставника, а македонските претставници ќе бидат избрани по пат на селективен турнир, за кој играчите можат да се пријавуваат преку интернет страната eeuro2020.com.
Главна цел на претставниците на секоја држава ќе биде да изборат пласман на финалниот турнир во Лондон, на кој ќе учествуваат 16 репрезентации.
Натпреварувањето ќе се одвива во три фази:
1. Одбирање на претставниците - Секоја од 55 држави, членки на УЕФА мора да избере свој претставник за eEURO. Државите кои немаат постоечка е - фудбалска репрезентација своите претставници можат да ги изберат во ноември и декември 2019. година, а ќе бидат достапни две опции за селекција на играчи. Учество во селективни турнири кој ги организира УЕФА или самостојна организација во изборот на претставници.
2. Квалификации за завршницата на eEURO- Е - фудбалските репрезентации од сите членки на УЕФА ќе учествуваат во извлекување за квалификациска група. Секоја е - фудбалска репрезентација ќе одигра по два натпревари против секоја од останатите репрезентации во групата. Квалификациите ќе се одржат во март 2020. година преку интернет.
Завршнен турнир - 16 најдобри репрезентации од квалификациите ќе се пласираат на завршниот турнир кој ќе се одржи во јули 2020. година во Лондон. Финалето ќе биде одиграно во Лондон на 10 јули 2020. година.