Без Агим Ибраими против Словачка

Објавено на 10 Ноември, 2014 во Вести, Вести

Агим Ибраими има пневмонија на градите и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за натпреварот против Словачка од квалификациите за ЕП 2016 година.

Селекторот на најдобрата репрезентација, Бошко Ѓуровски нема да повикува нов фудбалер на местото на Ибраими. Вечерва, македонската репрезентација го има првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“, утре во 11.00 часот ќе го одработи првиот трениг од подготвителниот период пред натпреварот со лидерот во нашата квалификациска група.

-Ибраими не е во можност да настапи против Словачка. За нас тоа претставува хендикеп, Агим играше во одлична форма, жал ми е што го немаме во составот, но мораме да ја прифатиме реалната ситуација. Сепак, радува тоа што останатите офанзивни фудбалери кои се повикани играат во добра форма, се надевам дека на високо ниво ќе ги реализираме тренинзите и подготвени ќе истрчаме против Словачка, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.




   
   
А репрезентација