Објавено на 29 Март, 2022 во Вести, Вести
Македонија не успеа да избори пласман на Светското првенство во Катар. Во решавачкиот меч на Драгао, во Порто, репрезентацијата на Португалија славеше победа со 2:0.
Двата погодоци беа дело на Бруно Фернандеш, фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед.
Македонија добро го започна мечот, игравме борбено, не дозволивме противникот посериозно да се закани по голот. Сепак во 32. минута, португалците стигнуваат до предност. Капитенот Ристовски од десно ја врати топката во средината од нашата половина, тука никој не ја зафати од нашите, следуваше додавање на Роналдо до Бруно Фернандеш кој беше максимално прецизен за 1:0 за неговата селекција. По тој гол домашните комплетно ја презедоа иницијативата, средината на теренот беше во нивен посед. Во последните минути од првиот дел, грешката во нашата одбрана не ја искористи Жота.
Во продолжението од средбата, Македонија се трудеше, но без посериозни шанси. Се отворивме, а тоа на најдобар можен начин го искористија домаќините и по една контра Фернандеш успеа да го искористи додавањето на Жота за предност од 2:0.
Воедно тоа беше и конечниот резултат на средбата.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Барди, Адеми, Костадинов (76. Ашковски), Трајковски (58. Чурлинов), Елмас (87. Николов), М. Ристовски (46.Миовски);
ПОРТУГАЛИЈА: Диого Коста, Кансело, Данило, Пепе, Мендеш, Бруно Фернандеш (89. Нуњеш), Мутињо, Отавио (76. Карваљо), Бернардо Силва (87. Феликс), Роналдо, Жота (76. Леао);
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....