Објавено на 29 Август, 2016 во Вести, До 21 год
Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за двата квалификациски натпревари против Шкотска во Единбург на 2. септември и против Северна Ирска на 6. септември на националната „Филип Втори“ арена во Скопје. По одличната атмосфера која ја носеше македонската репрезентација до извонредни резултати во квалификациите за ЕП 2017, надежите на Македонија се радуваат на нов важен настап во циклусот за пласман на континенталниот шампионат. Селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски денеска ќе ги има на располагање сите повикани фудбалери откакона репрезентативниот тим му се приклучија Мурати и Бејтулау кои вчера играа натпревар за Шкендија.
Офанзивните фудбалери на Македонија, Даниел Аврамовски и Марјан Радевски се свесни за важноста на натпреварите, но нагласуваат дека ќе се обидат да продолжат во победнички ритам.
-Досегашните резултати не обврзуваат да продолжиме во ист ритам. Натпреварите против Шкотска и Северна Ирска се исклучително значајни, но имаме играчи кои можат да одговорат на предизвикот. Денеска ќе ја анализираме играта на Шкотска, а тактичките замисли на селекторот ќе ги работиме на тренинг. Се надевам дека ќе го покажеме квалитетот што го поседуваме и уште еднаш ќе ја израдуваме македонската јавност, изјави фудбалерот на Црвена Звезда, Даниел Аврамовски.
Напаѓачот на Шкендија, Марјан Радески вели дека пресметката против Шкотска е голем предизвик, тежок натпревар во кој мораме да бидеме сконцентрирани до последниот свиреж на главниот судија.
-Знаеме што не очекува, Шкотска е квалитетна репрезентација, тактички дисциплинирана и не смееме да се опуштаме во ниту еден момент. Имаме сила и квалитет да се спротивставиме и да се радуваме на добар резултат. Во овие квалификации веќе направивме големи резултати, но посакуваме да остане запаметено нашето учество на големо натпреварување. Ќе дадеме се од себе тоа и да го постигнеме, изјави Марјан Радески.
Македонската репрезентација денеска во 19:30 часот ќе тренира во центарот „Петар Милошевски“.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....