Објавено на 24 Септември, 2019 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија обезбеди комплетна спортска опрема за сите наши учесници на фудбалскиот турнир во „Београд опен“ од здружението за деца и младинци со Даунов синдром „Доза среќа“.
Атлетите од нашето здружение беа дел од турнирот во мал фудбал кој се одржи во главниот град на Србија од 20. до 22. Септември.
Спортистите од нашата држава претставувани преку здружението за деца и младинци со Даунов синдром „Доза среќа“, а со поддршка и на Сојузот на спортски федерации на Македонија одлично се претставија и на резултатски план, но многу поважно, одново пратија силна порака дека овие настани и активности даваат потврда како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали дејствуваат во училиште, на работа, во општеството, јавниот живот, културата или спортот.