Објавено на 13 Ноември, 2023 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација ги започнува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Националаната арена „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024.
Во пресрет на двата последни меча од квалификациите за Европското првенство своите очекувања од подготовките и натпреварите ги истакнаа репрезентативците Јани Атанасов и Дарко Чурлинов.
Јани Атанасов:
„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, не радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда.
Не очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“.
Дарко Чурлинов:
„Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме се од себе, така ќе биде и овој пат, така е секогаш кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се Италија и Англија. Ќе ги анализираме противниците, немаме што да загубиме и едноставно треба да одиграме максимално ангажирано. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот, во добра натпреварувачка форма сме и се надевам дека тоа ќе го искористиме. Ќе се обидеме да го спречиме италијанскиот состав да не победи. Играме за Македонија, а кога сме овде не постојат изговори“.