Објавено на 30 Август, 2018 во Вести, Вести
Аријан Адеми, фудбалерот од средниот на Динамо Загреб и македонската А репрезентација поради повреда заработена на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на Шампиони меѓу Динамо Загреб и Јанг Бојс не е во можност да биде во составот на Македонија за натпреварите од Лига на Нации против Гибралтар (06. септември 2018.) и Ерменија (09. септември 2018.).
Аријан Адеми на дуелот со Јанг Бојс беше заменет по 32. минути игра, а по направените медицински прегледи утврдено е дека има расцепување на задниот бутен мускул (biceps femoris) а, тоа значи дека македонскиот репрезентативец ќе мора да паузира еден месец.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски дополнително ќе реши дали ќе повикува друг фудбалер за дуелите против Гибралтар и Ерменија.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....