Објавено на 05 Септември, 2023 во Вести, Вести
Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми поради приватни обврски поврзани со продолжувањето на клупската кариера утре наутро заминува за Загреб.
Адеми, откако ќе ги реши административните прашања поврзани со неговиот нов клупски ангажман, повторно ќе се стави на располагање на националниот тим за натпреварите против Италија и Малта.
Фудбалерот од средниот ред се јави на повикот на селекторот Благоја Милевски и покрај повредата на листот на левата нога, повреда која го ограничи на само пет минути игра на последниот натпревар од првенството во Кина.
Одлуката е донесена во договор со селекторот Благоја Милевски. Нашиот предводник се надева дека Адеми ќе биде на располагање за настап против Италија, односно повредата нема да го спречи да даде придонес во натпреварите против европскиот првак, Италија и мечот со Малта.