Објавено на 04 Септември, 2016 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација денеска во Скадар ќе го одржи официјалниот тренинг спроти утрешниот натпревар против Албанија, прв од квалификациите за СП 2018 во Русија. Нашиот прославен поранешен репрезентативец Арѓенд Беќири во улога на асистент на селекторот Игор Ангеловски дава свој коментар во однос на подготовките на нашиот национален тим и ги споделува очекувањата од првата квалификациска пресметка.
-Најважно е што подготоките минуваат според планот кој првично беше одреден, сите се здрави и максимално ги одработуваат тренинзите. За Македонија првиот натпревар е важен, но сметам дека притисокот за добар резултат е многу поголем кај Албанија. Нашиот противник знаеме дека оствари историски резултат со пласманот на Европското првенство и очекувањата на јавноста во Албанија сега е многу поголема со секој следен натпреавaр на нивниот тим. Албанија статистички има негативен скор во дуелите со нас, а понекогаш тоа е важно за психолошката подготвеност. Играв на дуелот во Прилеп кој го добивме со 1:0, јасно е дека сега работите се сменети, но мотивираноста и желбата за победа е веројатно иста. Доколку играме според договореното и тоа го спроведуваме на терен, мислам дека тоа ќе ни се исплати.
Поранешниот фудбалер на белгиски Антверпен, швајцарски Арау и носител на три шампионски титули со Слога Југомагнат во македонското првенство смета дека колективот ќе биде клучен за остварување на поволен резултат.
-Сите во тимот сме подредени на колективот, почнувајќи од економот во репрезентацијата, па се до техничкиот менаџер. Во модерниот фудбал тоа е најважно. Се надевам дека на тој начин и играчите ќе се однесуваат на натпреварот, ќе функционираме како целина и заеднички ќе се бориме. Во тимот имаме играчи кои знаат да решат натпревар и мислам дека ќе одговориме на предизвикот, изјави Беќири.
Вечерва од 20:45 часот на стадионот „Лоро Боричи“, репрезентацијата на Македонија ќе го одржи официјалниот тренинг.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....