Објавено на 08 Октомври, 2016 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија е максимално ангажирана за организацијата на квалифакицискиот натпревар за СП ‘Русија 2018’ во недела против Италија на националната арена ‘Филип Втори’ во Скопје.
Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места.
Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натреварот, кој е закажан од 20:45.
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...