Анти допинг образование 2021/22

Објавено на 30 Јуни, 2022 во Вести


ФФМ е целосно посветена да се превенира чист спорт, фудбал без допинг, за сите спортисти кои учествуваат во нивното натпреварување.

Во тој поглед, ФФМ учествува во анти-допинг едукацијата на УЕФА за спортистите кои учествуваат во натпреварите на УЕФА, персоналот за поддршка на спортистите (доктори и тренери).

Целта е да се осигура дека секој играч кој учествува во натпреварување на ФФМ и УЕФА, ќе добие образование.

Во 2021/22 година извршивме едукативна сесија за репрезентации: У-21, У-19, У-17, У-15 мажи и жени А репрезенација, У-19, У-17, У-15, репрезентативни лекари и клупски лекари од прва и втора македонска лига, тренери кои работат со млади фудбалери.

Предавач, Д-р Стоилов Илија член на комисија за медицина и анти допинг на ФФМ ,,Предавањата ги одработивме со презентација на power point, практични примери, интерактивна дискусија.На крајот од сесиите на присутните им дадовме одговор на квизот на WADA прашање.Одговорите беа неверојатно точни што значи дека ги постигнавме нашите цели да им ги дадеме потребните информации на присутните за борбата против допингот во спортот. Продолжуваме и понатаму со овој проект бидејќи се покажа како успешен во превенција на допингот во фудбалот,,

Целите на учењето на образованието беа:

-  Да им се даде на играчите информации, насоки и поддршка што ќе им овозможи да донесат информирани одлуки за допингот.

-  Да разберат што се анти-допинг правилата, концептот на строга одговорност и што значи тоа за нив

-  Да знаат дека постои забранетата листа и како да ги проверат лековите и додатоците, како и да аплицираат за TUE доколку е потребно

-  Да ги разберат последиците од допингот – здравје, санкции итн.

-  Да ги разберат процедурите за тестирање за да се зголеми усогласеноста и да се отстрани вознемиреноста од тестот

-  Да ги разберат ризичните точки во нивната кариера и како да се справат со овие тешки моменти

-  Да разберат каде да одат и од кого да побараат помош

Д- р Јонузи Невзат претседавач на комисија за медицина и анти допинг на ФФМ

,,ФФМ како институција која е целосно посветена во превенирање на чист спорт и фудбал без допинг за сите спортисти и други лица кој се ангажирани за време на спортските натпревари,во текот на овогодинешната натпреварувачка сезона се одржаа предавања за анти-допинг едукација за сите мшчки и женски Репрезентаци, Лекари,Физиотерапехти при Прва и Втора Лига и во помладите категории, тренери во млади категории!

Јас како Претседавач на Комисија за Медицина и АнтиДопинг при ФФМ изразувам голема благодарност кон предавачот и сите лица ангажирани во ФФМ за подигање  на свеста и одговорноста на играчите како и другите лица ангажирани за време на натпреварите!

Верувам дека и во иднина вака посветени заедно ќе успееме зацртаните цели на нашата институција и ние како комисија за медицина и анти допинг да ги одработиме професионално и одговорно,,




   
   
А репрезентација