Објавено на 20 Март, 2024 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 18 години го одигра првиот натпревар од силниот меѓународен турнир во турска Анталија.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ беа поразени со минимални 1:0 од соодветната селекција на Молдавија.
Селектор на Македонија, Вујадин Станојковиќ се соочи со сериозни проблеми околу составот, со оглед на големиот број на повредени и отстуни фудбалери.
И покрај тоа, нашите млади фудбалери одиграа добар натпревар, дури бевме и подобар противник, но не успеавме да ги реализираме нашите шанси, а селкцијата на Молдавија тоа успешно го казни.
Имавме неколку одлични можности за погодок кои не ги искористија Манојлов, Алији, и Младеновски.
Единствениот погодок Молдавија го постигна во 80. минута од средбата.
Во вториот натпревар од „Анталија Куп" турнирот се среќаваме со селекцијата на Естонија, на 23 март во 18. часот.
Три дена подоцна, на програмата е третиот дуел против домаќинот Турција. Мечот е закажан за 18. часот.
Македонија - Молдавија 0:1 (0:O)
Македонија: Славе Вргов, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незири, Бојан Ивчески, Тарик Демишоски, Максимилијан Димитријевски, Алтин Алији, Никола Манојлов, Давид Матески;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;