Објавено на 27 Март, 2021 во Вести, До 21 год
Нашите фудбалери пропуштија победа, имаа предност убедлива од 2:0, но противникот успеа да се врати во игра и да го изедначи резултатот. Македонија одлично го започна натпреварот, добрата игра ја крунисавме со погодок во 24 минута. Стрелец на голот беше Чурлинов, извонредна соло акција и завршница на нашиот фудбалер за предност на нашата селекција. До крајот на првиот дел уште неколку добри можности за тимот на Благоја Милевски, меѓутоа без реализација. Како што го завршија првото полувреме, нашите фудбалери во ист ритам го започнаа и вториот дел. Во 54 минута сосема заслужено преку Радуловиќ Величковиќ постигнавме втор погодок. Во продолжението следуваше голем пад во нашата игра. Тоа противникот го искористи на најдобар можен начин. Најпрвин во 76 минута ја намали предноста, а во 89 афтогол си постигна Радуловиќ Величковиќ за конечни 2:2.
МАКЕДОНИЈА: Давид Денковски, Филип Антовски, Марио Младеновски, Александар Ѓурковски, Агон Елези, Енес Фазлагиќ, Дарко Чурлинов, Марио Илиевски, Филип Алексовски, Јакуп Бериша, Томче Гроздановски;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....