Ангеловски: Задоволен сум од победата

Објавено на 05 Септември, 2020 во Вести, Вести, УЕФА Лига на Нации


Стартот со победа во второто издание на Лига на Нации  го остави задоволен и селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски, кој меѓу другото им ја честиташе победата на своите избраници. Алиоски и Несторовски со удари од белата точка ги постигнаа головите во победата со резултат 2:1 над Ерменија, а за гостите исто така од пенал погоди Барсегјан во судиското надополнување.

Јас им честитам на фудбалерите затоа што ова беа ненормални услови за игра, надвор беше проблем на теренот. Нормално е кога фудабалерите не се во полн натпрерувачки ритам да не се во полна форма, но покажавме нов квалитет затоа што одиграме на резултат. За мене е нормално за онаа пауза која следеше, да одиграме ваков натпревар. Мене ми е криво што некои одлучија да играме во 15 часот, па и ни намалија наместо да имаме 5 имавме 3 измени, а некој треба да мисли на здравјето на фудбалерите“, изјави на почетокот селекторот Ангеловски.

“Рано го отворивме противникот. Потоа, имавме уште две ситуации за гол, но не успеавме, па Шишковски одбрани добра шанса за Ерменија. Потоа дојде и вториот пенал, поведовме со 2-0, па немавме причина да притискаме со 200%. Свесно му ја препуштивме средината на теренот на противникот. Во вториот дел имавме некои опасни шанси за гол, во кој можевме да го завршиме мечот. Но, не ѝ гледам на победата во заби. Задоволен сум од резултатот“,заврши предводникот на националниот тим.



   
   
А репрезентација