Ангеловски: Среќен за победата, најдоброто допрва следува

Објавено на 25 Март, 2017 во Вести, Вести


После убедливата победа од 3:0 на гостински терен над Лихтенштајн, разбирливо добро располежение кај селекторот на Македонија, Игор Ангеловски. Тој успеа да победи првпат на еден официјален натпревар, а Македонија ги прокнижи првите бодови во овие квалификации.


"Секако дека сум задоволен од епилогот на овој натпревар и им честитам на момците за победата и изведбата.  Беше многу важно да победиме после тие несреќни порази на минатите натпревари. Игравме добро, доминиравме во текот на целиот натпревар и заслужено победивме. Нам ни фалат неколку бода, но ете со ова победа и резултатите на другите натпревари во групата доаѓаме во ситуација да се бориме за подобро место со Албанија и Израел. Ова прва победа во овие квалификации многу ни значи, а верувајте дека подобрите настапи на нашата репрезентација допрва следуваат. Сакам да напоменам дека на овој натпревар игравме со дел од играчите од У21, со што се воздржуваме кон најавениот план за постепено подмладување на А репрезентацијата", изјави селекторот Ангеловски после победата над Лихтенштајн.

Македонија в сабота се враќа во Македонија каре ќе продолжат тренинзите пред контролниот натпревар со Белорусија што се игра на 28 март во Скопје.



   
   
А репрезентација