Ангеловски: Репрезентацијата е повеќе од фудбал, поддршката од поранешните и активни репрезентативци ни значи

Објавено на 25 Мај, 2016 во Вести, Вести


Спроти заминувањето за Австрија каде репрезентацијата на Македонија ќе го одигра контролниот натпревар против Азербејџан, селекторот на најдобрата наша репрезентација Игор Ангеловски вели дека атмосферата во тимот е на високо ниво, уште повеќе што синоќа играчите и стручниот штаб добија поддршка од поранешните репрезентативци Александар Васовски и Влатко Гроздановски, како и од Даниел Мојсов кои ја посетија базата на А селекцијата.

-Примарно е да ја освежиме екипата од сезоната на клупски план, сите сме позитивни и со нетрпение го очекуваме натпреварот против Азербејџан. Македонската репрезентација е повеќе од фудбал, а тоа го потврдуваат репрезентативците, актуелни и поранешни кои ни ја даваат потребната мотивација и поддршка. Во фудбалот треба да се поклопат многу работи за добар резултат, но ние веруваме дека сме на добар пат. Посакуваме да имаме свои начин на игра и однесување на теренот.Со приклучувањето на младите од тимот до 21 години ќе бидеме и поспокојни, сега им посакуваме многу успех против Украина, вели Ангеловски.




   
   
А репрезентација