Ангеловски: Нервозен за првиот дел, реагиравме добро а го добивме Елмас

Објавено на 12 Јуни, 2017 во Вести, Вести


Селекторот на нашиот најдобар тим очекувано после претпениот пораз не можеше да биде задоволен, меѓутоа сепак напомена дека му се допадна реакцијата на играчите во вториот дел во поразот 1:2 од Шпанија.
Честитки најпрвин за Шпанија за победата. Не сум задоволен од првото полувреме кога некако игравме со преголем респект, но ако од нешто сум задоволен тоа е нашата игра во второто полувреме, затоа што мислам дека тоа беше она што го игравме во изминативе натпревари во овие квалификации. Успеавме резултатски да го донесме до егал натпреварот до 90 минута, но за жал не успеавме да го зададеме и завршниот удар. Морам да кажам дека го загубивме овој натпревар, но добивме бисер во името на Елиф Елмас кој дебитираше со 17 години против една Шпанија а одигра одлично. Исто така честитки за добрата игра и за вториот дебитант, Тошевски", изјави Ангеловски на прес конференцијата после натпреварот со Шпанија.



   
   
А репрезентација