Ангеловски и Тричковски: Да го завршиме овој циклус со победа

Објавено на 17 Ноември, 2020 во Вести, УЕФА Лига на Нации


Најдобрата македонска репрезентација утре се среќава со Ерменија, во последениот натпревар во Лигата на Нациите, а нашата репрезентација и со нерешен резултат обезбедува пласман во Б-Лигата на ова натпреварање. Фудбалерите вечерва тренираа на “ГСП Стадиум” во Никозија, а на официјалната прес-конференција за очекувањата зборуваа селекторот Ангеловски и напаѓачот Тричковски.

“Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм , тоа ми мана, ќе играме на победа, имаме одлични избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме”, изјави селекторот Игор Ангеловски.

„Атмосферата е одлична и на највиско  ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала, не краси тоа, индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно, како на овој стадион како и на секој друг. Сега имаме дополнителна мотивација, неам публика но имамаме императив – прво место”, изјави Тричковски.

Поради воената сојстојба во Ереван, Ерменија ја пречекува Македонија во Никозија, а средбата се игра во среда со почеток од 18:00 часот.




   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација